домаРегионТРЕВОГА ВО СОФИЈА - Евакуирано Претседателството

ТРЕВОГА ВО СОФИЈА – Евакуирано Претседателството

- Advertisement -spot_img

Зградата на претседателството во Бугарија утрово била евакуирана по дојава за бомба, објави „Новините“.

Претседателството добило порака со предупредување за можно поставена експлозивна направа, по што властите ги активирале стандардните безбедносни процедури за вакви ситуации.

Вработените биле евакуирани од зградата, соопшти кабинетот на претседателката Илијана Јотова.

По темелна проверка, не биле пронајдени сомнителни предмети, а нормалното функционирање на Претседателството било продолжено.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека слични електронски пораки со закани за поставени експлозиви биле испратени до различни институции во Софија, Варна и во Бургас.

Властите навеле дека пораките повторно биле упатени кон јавни објекти во трите градови, а проверките биле извршени според воспоставените процедури.

Полицијата соопшти дека во досегашните проверки не биле откриени опасни предмети.

Инцидентите следуваат по серијата дојави за бомби пријавени низ Бугарија претходно овој месец. На 6 јули, повеќе институции во различни градови добиле анонимни пораки со тврдења дека биле поставени експлозивни направи.

Меѓу погодените локации бил и Основниот суд во Бургас, каде што било одложено рочиште.

Претходни закани биле пријавени и во Смолјан, Јамбол, Трговиште, Плевен, Разград, Ловеч, Стара Загора и во Варна. Нов бран следувал следниот ден, при што биле таргетирани судови во Бургас, Софија, Смолјан и во Стара Загора, како и зградата на Општината во Благоевград и неколку институции во Шумен.

Властите продолжуваат со истрагата за потеклото на анонимните пораки, додека безбедносните проверки во погодените институции остануваат во сила.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img