ВАШИНГТОН – Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи на својата социјална мрежа Truth Social, а повод беше посетата на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила.
Трамп објави дека во чест на британскиот монарх ќе ги укине царините и ограничувањата за увоз на виски:
„Во чест на Кралот и Кралицата на Обединетото Кралство, кои штотуку ја напуштија Белата куќа и набрзо се враќаат во својата прекрасна земја, ќе ги отстранам царините и ограничувањата за виски кои се однесуваат на способноста на Шкотска да соработува со Комонвелтот Кентаки на производството на виски и бурбон, две многу важни индустрии во Шкотска и Кентаки“, наведе Трамп и додаде:
„Луѓето го сакаа тоа веќе долго време, со оглед на тоа што постоеше голема меѓудржавна трговија, посебно во врска со дрвените буриња кои се користат. Кралот и Кралицата ме наведоа да направам нешто што никој друг не успеал, речиси и без да побараат! Голема чест е да се имаат двајцата во Соединетите Американски Држави“, пренесува Телеграф.








