Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со остар одговор доколку се утврди дека постои непосредна закана за Вашингтон. Тој одговараше на новинарски прашања во Манила, откако Си-ен-ен објави дека американските разузнавачки служби дошле до информации за можен напад врз високи функционери од неговата администрација. Техеран ги отфрли наводите како неосновани.
„Ако постои таква закана, ќе платат цена каква што досега не платила ниту една земја“, рече Трамп. Тој додаде дека американските власти ги проверуваат информациите и дека ги сфаќаат сериозно.
Си-ен-ен, повикувајќи се на седум американски функционери, објави дека разузнавачките податоци укажуваат на разгледување можни сценарија за напад со таканаречена „валкана бомба“ или со хемиско оружје. Според соговорниците на телевизијата, американските служби сè уште проценуваат дали Иран има намера и капацитет да изведе таков напад.
Белата куќа соопшти дека ги следи сите потенцијални ризици и дека во моментов нема веродостојна закана за територијата на САД. Иранското Министерство за надворешни работи го демантираше извештајот во објава на Икс.






