-1.2 C
Skopje
21 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeХроникаТрактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена

Трактор и автомобил се судрија во Дебрца, тешко повредена 86-годишна жена

- Advertisement -spot_img

Вчера на локалниот пат во селото Требеништа, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски таблици, управуван од М.Б. (58), и патничко возило „Фолксваген Шаран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Д. (72), двајцата од истото село.

Во несреќата тешко е повредена 86-годишната Х.Ч., која се превезувала на тракторот, а полесни повреди добила 62-годишната Д.Д., сопатничка во автомобилот. Двете повредени биле пренесени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде им биле констатирани повредите.

При увидот, полициската екипа од СВР Охрид утврдила дека возачот на тракторот М.Б. управувал под дејство на алкохол, со 1,16 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img