домаШоубизТрагедија што можеше да се спречи: СЕМЕЈСТВОТО НА РОБЕРТ КАРАДИН БАРА ПРАВДА...

Трагедија што можеше да се спречи: СЕМЕЈСТВОТО НА РОБЕРТ КАРАДИН БАРА ПРАВДА И ОТШТЕТА НА СУД

- Advertisement -spot_img

Семејството на актерот Роберт Карадин поднесе тужба против Универзитетот во Калифорнија (UCLA), тврдејќи дека персоналот во психијатриската единица не му го отстранил ременот и не спроведувал пропишан надзор пред неговото самоубиство.

Во тужбата се наведува дека Карадин во заклучената психијатриска единица на UCLA пристигнал со надеж дека дополнителното болничко лекување ќе му помогне да ја намали анксиозноста. Семејството тврди дека тој очекувал безбедна и строго контролирана средина, но дека тоа не се случило.

Ремен и подвижна ноќна масичка

Според наводите од судското барање, персоналот при приемот не му го одзел ременот, иако станува збор за предмет кој, како што тврди семејството, стандардно им се отстранува на пациентите во психијатриските болници поради ризик од самоповредување или бесење.

„Наместо да влезе во безбедна средина, влезе во заклучена установа која го прекрши кардиналното правило за хоспитализиран психијатриски пациент со активни суицидални мисли и историја на обиди за самоубиство“, се наведува во тужбата.

Понатаму тврдат и дека во неговата соба била оставена подвижна ноќна масичка, која наводно не е стандарден дел од мебелот во таа единица. Семејството исто така истакнува дека персоналот не го проверувал Карадин на секои 15 минути, туку дека бил оставан сам во текот на долги временски периоди.

Според истите наводи, актерот се обидел да изврши самоубиство 19 часа по приемот во болницата. Потоа не се освестил, се стекнал со аноксична повреда на мозокот и следните пет недели ги поминал на интензивна нега.

Да потсетиме, Роберт Карадин почина на 23 февруари на 71-годишна возраст. Неговото семејство сега бара општа, посебна и економска отштета, како и дополнителен надомест. Пред самоубиството, тој боледувал и од биполарно растројство, тешка депресија и анксиозност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img