домаСветТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Родители возеле 100 километри не знаејќи дека нивниот син...

ТРАГЕДИЈА НА АВТОПАТ: Родители возеле 100 километри не знаејќи дека нивниот син починал на задното седиште

- Advertisement -spot_img

Родители возеле околу 100 километри на автопат во Италија без да забележат дека нивниот 31-годишен син починал на задното седиште од автомобилот. Биле уверени дека тој спие, објави „Кориере дела Сера“.

Трагедијата се случила вчера околу 7:30 часот на автопатот А21 Торино-Пјаченца, додека семејството со романско потекло патувало кон Торино. Таткото управувал со возилото, мајката била на совозачкото место, а нивниот син седел на задното седиште.

Младичот престанал да реагира за време на возењето, но неговите родители првично претпоставиле дека се одмара. Откако по долго време се обиделе да го повикаат и не добиле одговор, го запреле автомобилот на најблиското место за одмор.

При обидот да го разбудат, сфатиле дека е во несвест и дека не дише, по што веднаш повикале итна медицинска помош.

Лекарската екипа по пристигнувањето на местото само можела да констатира смрт. Според информациите од италијанските медиуми, причина за смртта е ненадеен срцев удар. Родителите на лекарите им изјавиле дека нивниот син претходно имал благи срцеви проблеми.

Последен пат разговарале со него околу 100 километри пред да застанат, а извештаите укажуваат дека смртта настапила толку брзо што тој немал можност да побара помош.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img