домаМакедонијаТошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од...

Тошковски – Рита Колумбија: Заедничка посветеност за поефикасна превенција и заштита од родово базирано насилство

- Advertisement -spot_img

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски остварил средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, на која се разговарало за унапредување на соработката во областа на превенцијата и справувањето со родово базираното насилство.

Во фокусот на разговорите, информира МВР, била потребата од силна меѓуинституционална координација и континуирано унапредување на механизмите за превенција, заштита на жртвите и ефикасно институционално постапување во случаите на родово базирано насилство.

– Претставниците на Обединетите нации ја поздравија посветеноста на Министерството за внатрешни работи и активностите што се преземаат во насока на зајакнување на системот за превенција и заштита на жртвите, како и напорите за поефикасно справување со овој сериозен општествен предизвик, информира МВР.

На средбата биле разгледани и можностите за понатамошна поддршка од агенциите на Обединетите нации, преку развој на заеднички програми, реализација на обуки и дополнително јакнење на професионалните капацитети на полициските службеници.

Посебен акцент бил ставен на значењето на едукацијата и подготовката на идните полициски службеници уште во рамки на Средното полициско училиште, со цел тие да стекнат современи знаења и практични вештини за препознавање, превенција и професионално постапување во случаи на родово базирано насилство.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img