HomeМакедонијаТоневски: Започна реконструкцијата на патот кон Кундино – нова инвестиција во инфраструктурата...

Тоневски: Започна реконструкцијата на патот кон Кундино – нова инвестиција во инфраструктурата на Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Во Општина Пробиштип започнаа градежните активности за реконструкција на патниот правец до село Кундино, проект кој има за цел да ја подобри безбедноста и квалитетот на сообраќајната инфраструктура во руралните средини.

Проектот опфаќа целосна реконструкција на делница во должина од 1.427 метри и ширина од 3,5 метри. Предвидено е поставување на пропусти, изградба на одводни канали, како и нанесување на два слоја нов асфалт, со што значително ќе се подобрат условите за движење на жителите.

Средствата во висина од 7.081.310 денари се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, додека изведувач на работите е компанијата „Коле-транс Инжинеринг“.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека општината продолжува со рамномерен развој и вложувања во секое населено место.

„Инвестираме во секое населено место, за сите граѓани“, порача Тоневски.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img