5.8 C
Skopje
1 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТоневски: За развој на Пробиштип потребна е силна врска меѓу локалната и...

Тоневски: За развој на Пробиштип потребна е силна врска меѓу локалната и централната власт

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски, во гостување во емисијата „Вечерното шоу со Богдан Илиевски“ истакна дека успешниот развој на општините зависи од добрата соработка меѓу локалната и централната власт.

„Централната власт е многу важна работа доколку е во спој со локалната власт. Во таков еден однос поддршката е многу поголема бидејќи целта и на локалната и на централната власт е иста. Ако е иста целта – многу полесно се оди кон реализација на тие програми што ние ги нудиме,“ изјави Тоневски.

Проекти поврзани со институционална поддршка

Тој нагласи дека ваквиот однос граѓаните веќе го препознаваат и го сметаат за клучен елемент за успех. Во неговата изборна програма, како што додаде, се вградени проекти што директно се потпираат на соработка со владините институции.

„Многу добро е за развојот на општината, градоначалникот да има добри релации со централната власт и да работат во ист правец,“ рече Тоневски.

Предизвици и јаловишната депонија

Осврнувајќи се на предизвиците со кои се соочува Пробиштип, кандидатот посочи дека постојат проблеми кои локалната самоуправа не може сама да ги реши. Како најголем пример ја издвојува јаловишната депонија, за чија санација, според него, било неопходно користење средства од унгарскиот кредит.

Тоневски обвини дека актуелното општинско раководство не аплицирало за трајно решавање на овој проблем, туку средствата ги насочувало кон „ситни, популистички проекти за предизборни поени“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img