15.8 C
Skopje
12 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски со ветување за достоинствен живот на пензионерите во Пробиштип

Тоневски со ветување за достоинствен живот на пензионерите во Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, заедно со пратеничката Драгана Арсова, денес оствари средба со пензионерите во Пробиштип.

Тоневски изрази благодарност за можноста да се сретне со, како што рече, генерацијата што ја градела основата на градот со својот труд, знаење и љубов.

„Секогаш е чест и радост да се биде меѓу луѓето кои ја создадоа нашата сегашност. Разговаравме искрено – за минатото и нивниот придонес, за сегашноста и предизвиците, но и за иднината што сакаме да ја градиме заедно,“ изјави Тоневски.

Тој пред пензионерите ги претстави плановите и проектите за наредните четири години, нагласувајќи дека вистинската иднина не може да се гради без почит и грижа за оние што ја поставиле нејзината основа.

„Ви благодариме за топлиот прием, за поддршката и за мудроста што ја споделувате со нас. Ветуваме дека вашите потреби ќе бидат слушнати, а вашето достоинство секогаш ќе биде заштитено,“ порача Тоневски, додавајќи дека Пробиштип ќе биде град што се грижи за сите генерации.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img