3.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТоневски со порака за инклузија на манифестацијата посветена на лицата со попреченост

Тоневски со порака за инклузија на манифестацијата посветена на лицата со попреченост

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на настан организиран од Здружението на слепи од Штип и Пробиштип, во соработка со Здружението на пензионери од Пробиштип, по повод 3-ти декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост.

Настанот беше збогатен со присуството на гости од Петрич, Бугарија, чија посветеност кон дружбата, меѓусебната поддршка и културниот развој претставува инспирација за локалната заедница. Тоневски истакна дека нивната искрена желба за поврзување и зајакнување на заедништвото е пример за идните генерации.

„Со заеднички сили можеме да создадеме инклузивна, хумана и поддржувачка средина за сите наши сограѓани“, порача Тоневски.

Настанот ја потврди важноста на меѓународната соработка и заедничката поддршка на лицата со попреченост, како клучен аспект на развојот на локалната заедница.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img