HomeМакедонијаТоневски: Пробиштип ја живее боречката традиција – спортот ни е идентитет!

Тоневски: Пробиштип ја живее боречката традиција – спортот ни е идентитет!

- Advertisement -spot_img

Пробиштип беше домаќин на традиционалната средба на борачите, на која се собраа ветерани, спортски работници и претставници од боречките клубови од целата држава.

Средбата беше организирана од Здружението на борачи ветерани на Македонија во соработка со ветераните борачи од Пробиштип, а на настанот присуствуваше и претседателот на Боречката федерација на Македонија.

Во рамки на настанот беа доделени благодарници за поединци кои дале значаен придонес во развојот и афирмацијата на борењето, како во Пробиштип, така и на национално ниво.

Градоначалникот Тони Тоневски истакна дека ваквите настани се силна потврда за богатата спортска традиција на градот, нагласувајќи дека борењето има посебно место во локалната заедница.

Тој додаде дека Општината ќе продолжи да го поддржува спортот и младите таленти, со цел да се зачува континуитетот и да се создадат нови успеси во иднина.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img