-2.2 C
Skopje
27 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаТоневски на јубилејот на Младинскиот центар во Пробиштип: Младите се наш најголем...

Тоневски на јубилејот на Младинскиот центар во Пробиштип: Младите се наш најголем капитал

- Advertisement -spot_img

Со пригоден настан беше одбележан третиот јубилеј од формирањето и успешното работење на Младински Центар Пробиштип, кој во изминатите три години прерасна во значајно место за младински активности, креативност и неформално образование во општината.
На одбележувањето беше истакнато дека центарот претставува простор каде младите ги развиваат своите идеи, иницијативи и визии, но и место за дружење, размена на искуства и активно вклучување во заедницата.


Од Општина Пробиштип беше нагласено дека локалната самоуправа останува активен партнер и поддржувач на младинските политики, со отворена врата за сите млади луѓе кои сакаат да придонесат кон развојот на општината.


„Ќе продолжиме да создаваме услови и можности за младите, затоа што нивната енергија, идеи и визија се клучни за иднината и развојот на Пробиштип“, беше порачано на настанот.
На крајот, беа упатени честитки за јубилејот со желби за уште многу успешни години, нови проекти и заеднички успеси, со порака успешно да продолжи приказната на Младинскиот центар.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img