2.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТоневски: Делото на Свети Климент Охридски е темел на нашата духовност, писменост...

Тоневски: Делото на Свети Климент Охридски е темел на нашата духовност, писменост и култура

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, по повод празникот посветен на Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните, нагласувајќи ја неговата огромна улога во просветителската и духовната традиција на македонскиот народ.

Тоневски потсети дека Свети Климент, како еден од најзначајните ученици и продолжувачи на мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, ја создал прочуената Охридска книжевна школа – место од кое се ширеле писменоста, образованието и духовноста ширум македонските простори.

„Неговото дело е длабоко вткаено во нашата историја и претставува траен потсетник за важноста на знаењето, писменоста и културното наследство“, истакна Тоневски.

Градоначалникот додаде дека ликот и делото на Свети Климент се пример за посветеност што опстојува низ вековите и продолжува да инспирира, па затоа општеството има должност да ја чува и негува неговата вредна оставнина.

„Нека е честит и вековит празникот!“, порача Тоневски во крајот на честитката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img