Општина Пробиштип по јубилеен 20-ти пат успешно ја организираше традиционалната манифестација „Берење на бадникови гранчиња“ на месноста Жгури, настан кој со години го најавува празничниот дух и доаѓањето на Бадник и Божик.

Годинава, паричката во бизнис-заедницата повторно се падна во ТАБ МАК, додека меѓу присутните граѓани на месноста Жгури, најсреќен беше Зоран Величков, кој ја доби бадниковата паричка – симбол на здравје, среќа и бериќет.
Во рамки на празничните активности, утре во 10 часот на градскиот плоштад во Пробиштип ќе се одржи свечен пречек на децата од Бадниковата поворка, кои со традиционалната песна „Вечниот Бог“ ќе го најават Христовото раѓање.
Од општината упатија покана до сите граѓани да присуствуваат и заедно да го споделат празничниот дух, традицијата и заедништвото, кои оваа манифестација ги негува веќе две децении.







