HomeХроникаТешка несреќа: Деца на скутер се судрија со пикап! - ова се...

Тешка несреќа: Деца на скутер се судрија со пикап! – ова се деталите

- Advertisement -spot_img

Две момчиња на возраст од 14 и 16 години се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера претпладне во Штип, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.

Според информациите, несреќата била пријавена на 24.02.2026 година во 10:30 часот во СВР Штип. Судирот се случил на кружниот тек меѓу улиците „Партизанска“ и „Борис Крајгер“, помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“, управувано од 57-годишен возач од Штип, и мопед „априлиа“, кој го управувал 16-годишник.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип.

Од полицијата информираат дека на местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Штип, а причините за несреќата дополнително се утврдуваат.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img