домаСветТензии растат, нафтата повторно поскапува

Тензии растат, нафтата повторно поскапува

- Advertisement -spot_img

Цените на нафтата ја започнаа неделата со раст, откако тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемија по новите извештаи за напад врз танкер во близина на Оман и ескалацијата на нападите на јеменските Хути.

Според непотврдени информации, уште еден танкер во Персискиот Залив бил погоден, по што на бродот избувнал пожар. Снимки од запалениот брод се појавија на социјалните мрежи, но информациите за инцидентот во моментот не се целосно потврдени.

Нападот следува само два дена по претходниот инцидент со танкер во регионот, кој предизвика реакции од Обединетите Арапски Емирати и други земји од Заливот.

Новите случувања повторно ги зголемија стравувањата за безбедноста на транспортот низ Ормускиот теснец – еден од најважните светски поморски коридори за транспорт на нафта.

Иран во текот на викендот постави шест услови за повторно отворање на теснецот, меѓу кои повлекување на американските сили од регионот, траен мировен договор, компензација за воената штета и олеснување на санкциите, како и ослободување на замрзнатите ирански средства.

Барањата се сметаат за тешко прифатливи за Вашингтон, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу иднината на Ормускиот теснец и глобалното снабдување со енергенси.

На пазарите, Брентот се тргуваше околу 84,24 долари за барел, додека американскиот WTI достигна околу 78,70 долари за барел.

Дополнителен притисок врз енергетскиот пазар создаваат и нападите на Хутите. Јеменската група презеде одговорност за напад со беспилотно летало врз рафинеријата на „Арамко“ во Џазан, која има капацитет од околу 400.000 барели дневно.

Во исто време, Хутите продолжуваат со напади врз пристаништа и цели долж Црвеното Море. Во последните напади во јеменскиот пристанишен град Ал-Маха, според јеменските вооружени сили, загинале најмалку седум лица, меѓу кои воени лица и цивили, додека околу 30 лица биле повредени.

Нападите дополнително го загрозуваат поморскиот сообраќај во регионот, особено во услови кога Ормускиот теснец и Баб ел-Мандеб веќе се соочуваат со сериозни безбедносни ризици.

Аналитичарите предупредуваат дека продолжувањето на нападите врз танкери и инфраструктурата за производство и транспорт на нафта може дополнително да ги зголеми цените на енергенсите и да создаде нови проблеми за глобалното снабдување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img