Случајот „Талир 2“ одбројува денови за застарување. Скопска апелација треба да донесе одлука пред да застари на 31 август.
Првостепената пресуда со која експремиерот Никола Груевски доби ослободителна пресуда и беше одбиена конфискацијата за седиштето на ВМРО-ДПМНЕ беше објавен на 14 јули, а, на почетокот на овој месец, обвинителството поднесе жалба.
Апелација може да ја потврди ослободителната пресуда или да ја преиначи. За што и да се одлучи, времето по жалбите би можело да биде прекратко.






