Атина денес е на работ на парализа откако таксистите најавија 18-часовен штрајк во знак на протест против новите одлуки на грчката Влада. Според синдикатот, владината одлука „отворила пат за неконтролиран влез на големи приватни компании во јавниот превоз“, што возачите го доживуваат како закана за нивниот животен и работен стандард.
Протестот го организира Синдикатот на таксистите од Атика (SATA), кој најави дека членовите ќе присуствуваат на генералното собрание во понеделник. Претседателот на синдикатот, Тимиос Лимберопулос, порача дека штрајкот е директен одговор на одлуката на Министерството за транспорт кое дозволува „јавен превоз со приватни автомобили и професионални возачи“.
Граѓаните се соочуваат со ограничувања во превозот низ целиот град, а многумина се прашуваат колку долго ќе трае кризата.






