домаМакедонијаТабановце повторно без поголеми задржувања: Странските возачи казните можат да ги платат...

Табановце повторно без поголеми задржувања: Странските возачи казните можат да ги платат преку апликација

- Advertisement -spot_img

Сообраќајот на Граничниот премин „Табановце“ денеска се одвива нормално и без поголеми задржувања, информира Министерството за внатрешни работи.

Во изминатиот период на преминот беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возила со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сообраќајни прекршоци.

МВР информира дека во функција е ставена и мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните сообраќајни прекршоци и издадените платни налози, а глобите да ги подмират по електронски пат.

Од Министерството велат дека со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци. Тоа, како што наведуваат, придонело за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на „Табановце“.

МВР продолжува со преземање мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img