домаМакедонијаСветски ден на фармацевтите

Светски ден на фармацевтите

- Advertisement -spot_img

Секој здравствен систем е силен онолку колку што знае да ги препознае и искористи знаењето, искуството и потенцијалот на своите здравствени професионалци.

Токму затоа, овогодишниот Светски ден на фармацевтите е посветен на една важна порака: „Зајакнување на фармацевтите за поздрава иднина“ („Empowering pharmacists for healthier futures“).

Силна порака што ја нагласува потребата знаењето, компетенциите и професионалната експертиза на фармацевтите да имаат уште поголемо место во унапредувањето на здравјето и грижата за пациентите.

Современата фармација одамна ја надминува традиционалната слика за професија чија задача е само обезбедување и издавање на лекови. Фармацевтот денес е професионалец кој преку советување, едукација и стручна поддршка придонесува за правилна и безбедна употреба на терапијата, за информиран пациент и за навремено препознавање на одредени здравствени ризици.

Оттука, превенцијата мора да биде еден од темелите на современата здравствена грижа.

Подобро е да се спречи отколку да се лекува!

Но, превенцијата не е задача на една професија. Таа бара координиран пристап и соработка меѓу лекарите, фармацевтите, стоматолозите, медицинските сестри и сите други здравствени професионалци. Секој придонесува со своето знаење, искуство и професионална одговорност, а заедничката цел е иста: заштита на здравјето, безбедноста и квалитетот на животот на пациентот.

Во таков здравствен систем, фармацевтот не треба само да биде присутен, туку неговото знаење и компетенции треба да бидат препознаени, поддржани и целосно искористени.

Во изминатите четири години, Фармацевтската комора работеше на зајакнување на професионалната позиција на фармацевтот и создавање услови неговото знаење и експертиза да имаат уште поголема примена во здравствениот систем.

Со измените на Законот за здравствената заштита во 2024 година беше создадена законска можност аптеката, под соодветни услови, да обезбедува совети и превентивни и други услуги поврзани со терапијата со лекови.

Направен беше и значаен чекор во препознавањето на фармацевтската здравствена дејност во рамките на единствениот здравствен систем, со што дополнително се зајакна местото на фармацевтот како здравствен професионалец.

Паралелно со тоа, Комората работеше на подготовката на Предлог-закон за фармацевтска здравствена дејност, важен чекор кон создавање јасна и современа правна рамка за понатамошниот развој на професијата.

Сето ова се повеќе од нормативни промени.

Тоа се чекори кон фармацевт кој има поголема улога, поголема одговорност и поголема можност да придонесе за здравјето на граѓаните.

И токму тука е суштината на овогодишното мото.

Да го зајакнеме фармацевтот со знаење, професионално признание и соодветни услови за работа, за неговиот потенцијал целосно да биде ставен во служба на пациентот и здравствениот систем.

Фармацевтската комора на Република Северна Македонија ќе продолжи да работи во насока на унапредување на професијата, јакнење на улогата на фармацевтот и создавање услови за уште поголем придонес во превенцијата и здравствената грижа.

Затоа што посилен фармацевт значи посилен здравствен систем.

А, посилен здравствен систем значи подобра грижа и поздрава иднина за сите.

На сите фармацевти им го честитаме 25 Септември, Светскиот ден на фармацевтите, со благодарност за нивното знаење, професионалност и секојдневна посветеност кон пациентите.

Среќен Светски ден на фармацевтите!

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img