12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСветСудир на два воза во Чешка: Повредени 57 лица, пет со тешки...

Судир на два воза во Чешка: Повредени 57 лица, пет со тешки повреди

- Advertisement -spot_img

Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 57 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди.

Несреќата се случила кога брз воз се судрил со друг патнички воз што се движел во спротивна насока, во близина на градот Чешке Будејовице, што се наоѓа на околу 50 километри од германско-австриската граница.

Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата испратени се екипи на брза помош со 11 амбулантни возила и еден хеликоптер.

– Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице.

Полицијата соопшти тестовите за алкохол на дека двата машиновозачи биле негативни.

Според чешките медиуми, несреќата се случила бидејќи еден од возовите го игнорирал црвеното светло.

Железничката мрежа на Чешка е меѓу најразвиените во Европа, но реновирањето на многу од постарите линии, како онаа каде што се случи несреќата, со модерни системи за контрола на возовите напредува бавно.

– Оваа несреќа уште еднаш покажа колку е важно да се продолжи со проширувањето на современите безбедносни системи, како што е Европскиот систем за контрола на возовите (ЕТЦС), објави генералниот директор на железничката администрација на Икс, Јиржи Свобода.

Тој додаде дека транзицијата кон стандардите ЕТЦС е веќе завршена на 620 километри чешки линии.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img