6.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСудењето на ексдиректорот на затворот во Шутка и на неколкумина вработени е...

Судењето на ексдиректорот на затворот во Шутка и на неколкумина вработени е одложено за 12 ноември

- Advertisement -spot_img

Судењето против поранешниот директор на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, Филип Андонов-Сокол и уште неколку вработени во затворот, кои се обвинети дека им овозможувале привилегии на осуденици што немале право на тоа според судските одлуки, кое требаше да продолжи денеска, е одложено за 12 ноември.

Од Основниот кривичен суд Скопје информираа дека рочиштето е отповикано откако добиле извесување од јавниот обвинител што го застапува обвинението дека не може да присуствува на рочиштето од здравствени причини.

Дополнително, како што пренесе МИА, до Судот стигнало и известување од Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ дека поголем дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб.

Андонов и уште шестмина затворски полицајци на првите рочишта од почетокот на судскиот процес се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за кривичните дела што им се ставаат на товар.

За потсетување, обвинението против ексдиректорот и седуммина затворски полицајци беше поднесено на 8 јули годинава. Според него, Андонов и двајца полициски службеници се товарат дека сториле продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, а еден од полицајците ќе одговара и за несовесно работење во службата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img