домаМакедонијаСтудено утро со -2 во Берово, од утре циклонот носи пороен дожд

Студено утро со -2 во Берово, од утре циклонот носи пороен дожд

- Advertisement -spot_img

Утринските температури во земјава се спуштија под нулата, при што во Берово се измерени рекордни -1,9 степени Целзиусови, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Денешното ведро време претставува само краток прекин пред циклонската активност која од петок носи нагло влошување со локално обилни врнежи од дожд низ повеќе региони.

Мерните станици на УХМР во 8 часот регистрираа значително ниски вредности низ целата држава. Покрај Берово каде живата падна на -1,9 степени, минимални вредности блиску до нулата беа измерени и на Попова Шапка (0,4) и во Битола (1,8 степени).

Во Скопје, на мерната станица Петровец минималната температура се спушти до 3,2 степени, додека на Зајчев Рид беа измерени 6,7 степени. Најтопло утрово беше на југот од земјата, односно во Гевгелија со минимални 11,5 степени.

Метеоролозите најавуваат дека сончевото време со мала облачност брзо ќе отстапи место на нов влажен бран. Веќе од петок под влијание на изразена циклонска активност следува облачно време со врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне.

Врнежите на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 30 литри на квадратен метар. Во Скопската Котлина исто така се очекуваат пообилни дождови со слаб до умерен ветер.

По преминот на главниот циклонски бран, во недела и почетокот на следната седмица следува период на променливо облачно време со сончеви периоди.

Дневните температури во недела и понеделник ќе се движат во интервал од 17 до 26 степени, додека утринските повторно ќе бележат благ пад и ќе се спуштаат меѓу 4 и 13 степени Целзиусови.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img