домаМакедонијаСтруга го продаде службеното ауди на Мерко за 22.000 евра

Струга го продаде службеното ауди на Мерко за 22.000 евра

- Advertisement -spot_img

Општина Струга соопшти дека денеска е продадено службено возило за сума од 22.000 евра, а средствата ќе бидат искористени за намалување на јавниот долг на општината.

Од локалната самоуправа наведуваат дека станува збор за возило кое, според нив, било симбол на прекумерниот луксуз на претходното општинско раководство. Според соопштението, продажбата е дел од политиката за намалување на трошоците и рационално управување со јавните финансии.

„Возниот парк на Општина Струга треба да располага со возила кои се неопходни за ефикасно и нормално функционирање на општинската администрација“, соопштија од Општината.

Од таму додаваат дека ваквиот пристап, насочен кон кратење на расходите и намалување на јавниот долг, треба да создаде услови за поголем развој на општината во наредниот период.

Општината не соопшти дополнителни детали за купувачот на возилото, ниту за неговите претходни карактеристики или проценетата вредност.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img