-4.2 C
Skopje
31 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСтруга доби претседател на Советот: По двомесечен застој избран Мите Стефоски од...

Струга доби претседател на Советот: По двомесечен застој избран Мите Стефоски од ВМРО-ДПМНЕ

- Advertisement -spot_img

По речиси два месеци по локалните избори, Советот на Општина Струга денеска конечно избра претседател, со што беше надминат институционалниот застој во работата на општината. За претседател на Советот беше избран советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Мите Стефоски.

По повеќенеделни несогласувања и неуспешни обиди на претходните седници, денешната седница резултираше со избор на претседател со мнозинство гласови. Стефоски ја доби поддршката од 14 од вкупно 23 советници.

„За мене е чест и задоволство да бидам претседател на Советот на Општина Струга и сакам да кажам дека ќе го водам принципиелно. Можеби нема да се согласувам со вашите мислења, но до крај ќе се борам да го кажам она што го мислам“, изјави Стефоски по изборот.

Со оваа одлука, Советот влегува во нова фаза на институционално функционирање. Поддршката за изборот дојде од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и Независната листа.

„Имаме мнозинство овде со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и Независната листа, така што имаме 13 советници и функционираме без проблеми и верувам дека во иднина ова мнозинство ќе го имаме и ќе функционираме како што треба. Сега работата треба да биде поинтензивна – ова што се случи во последните два месеци покажува дека немавме никаква претходна согласност“, изјави Нафи Јонузи, советник од ВЛЕН.

Изборот беше оспорен од советниците на Националната алијанса за интеграција.

„Предлогот за колегата Мите од ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа од никаков албански колега, така го слушнав“, рече Фатон Положани од НАИ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img