9.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСтроги закони, сигурни рудари: Божиновска ја нагласува заштитата како врвен приоритет

Строги закони, сигурни рудари: Божиновска ја нагласува заштитата како врвен приоритет

- Advertisement -spot_img

Скопје, 27 август 2025 – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска додели признанија на 13 рудари од различни рудници низ земјата по повод Денот на рударите. Меѓу нив се Страшо Маневски од РЕК Битола, Златко Пажески од рудникот „Сивец“ во Прилеп, како и Драгољуб Димитровски, Дарко Велиновски, Тони Ѓоргиев, Шериф Алиу, Аце Маневски, Зоран Стојчев, Бранко Ѓоргиев, Сашо Тренчески, Сашо Гиланов и други.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека рударите се „темелот на економијата“ и дека државата има должност да им обезбеди подобри услови, поголема безбедност и современа опрема. Таа истакна дека во рударството нема компромис со законот и потсети на засилените инспекциски контроли, при што во последните години се одземени 45 концесии поради непочитување на правилата.

,,Државата ќе ги поддржи сите компании што инвестираат во безбедноста на рударите, се грижат за животната средина и за локалните заедници. За оние што мислат дека Македонија е место каде правилата не важат – времето на компромиси заврши. Законот важи за сите“, подвлече Божиновска.

Со доделувањето на признанијата, Министерството испрати порака дека рударството ќе остане силен и одржлив столб на македонската економија, со врвен приоритет секој рудар да биде безбеден и горд кога се враќа дома.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img