HomeМакедонијаСтразбур со прашања до владата за осудените во случаите од „Бомбите на...

Стразбур со прашања до владата за осудените во случаите од „Бомбите на Заев“

- Advertisement -spot_img

Европскиот суд за човекови права во Стразбур официјално се обрати до македонската влада во врска со апликацијата на бизнисменот Сеад Кочан, отворајќи правни прашања за користењето на прислушувани разговори како докази во кривична постапка која заврши со правосилна пресуда со клоја тој беше осуден на казна затвор во траење од 4 години и 8 месеци.

Судот според информациите го става под лупа суштинското прашање дали судењето во предметот „Труст“ било фер, со фокус на тоа дали пресудата била заснована на докази добиени преку незаконско прислушување.

Во комуникацијата со владата во Скопје, Стразбур нагласува дека предметот се однесува на кривичната постапка против апликантот Сеад Кочан, во која тој бил осуден за злоупотреба на постапката за јавна набавка, при што обвинението, меѓу другото, се потпирало и на аудио-снимки од пресретнати разговори.

Овие аудио-материјали биле користени како доказ во постапката и биле дел од доказниот корпус врз кој судовите ја темелеле пресудата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img