Вчера во 13:00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена пријавила дека претходниот ден добила закани по телефон кон неа и нејзиното малолетно дете од лицето Џ.„Н“ преку посредник.
Како што се наведува во полицискиот билтен и според пријавеното, лицето посредник и на 18.04 дошло во продавницата во која што работела и пренело порака дека Џ.„Н“, инаку странец, барал таа да му ги врати 1.350 евра кои тој наводно и ги дал пред две години за набавка на лек за нејзиното малолетно дете.
Се работи на расчистување на случајот.








