23-годишна тетовчанка пријавила во полиција дека била сексуално вознемирувана од стоматолог во приватна ординација во градот.
Според пријавата, на 14 и 18 септември 2026 година, додека пациентката престојувала во ординацијата за медицинска интервенција, стоматологот наводно ја вознемирувал.
Случајот, според пријавеното, продолжил и надвор од ординацијата. Жената навела дека стоматологот подоцна преку мобилна апликација ѝ испраќал пораки со несоодветна содржина.
Настанот бил пријавен синоќа во 22:40 часот во СВР Тетово.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.






