домаСветСтармер: Велика Британија не ја поддржува американската блокада на Иран

Стармер: Велика Британија не ја поддржува американската блокада на Иран

- Advertisement -spot_img

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека неговата влада не ја поддржува поморската блокада на иранските пристаништа од страна на американската морнарица. Стармер за Би-Би-Си изјави дека луѓето во Велика Британија „не биле вклучени во војната“ и дека не сака „тие да ги сносат последиците“.

„Нема да бидеме вовлечени во војна. Велика Британија нема да биде вовлечена во неа. Тоа не е во наш национален интерес бидејќи нема да дејствувам без јасна, законска основа и јасно разработен план“, рече тој.

Тој додаде дека деминирањето е клучно за целосно повторно отворање на Ормутскиот теснец.

Претходно, Трамп најави дека иранските пристаништа ќе бидат блокирани за влез и излез од денеска со почеток во 10 часот по американско, односно 16 часот по средноевропско време.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img