Голема полициска акција на реката Дунав во Србија резултираше со заплена на околу 20 килограми кокаин, чија вредност на уличниот пазар се проценува на дури пет милиони евра. Дрогата била откриена во близина на челаревската плажа кај Бачка Паланка, а според првичните информации од истрагата, пратката била транспортирана со брз моторен чамец.









