домаМакедонијаСредба Стоилковиќ – Ерик Ли: Потврда за продлабочување на економската и инвестициската...

Средба Стоилковиќ – Ерик Ли: Потврда за продлабочување на економската и инвестициската соработка

- Advertisement -spot_img

Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната економска и инвестициска соработка, потпретседателот на Владата на РС Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денес оствари средба со г. Ерик Ли С.М., претседател на Chengwei Capital и основач на еден од највлијателните кинески медиумски портали Guancha. Тој дипломирал на економскиот факултет на Универзитетот Беркли во Калифорнија, а магистрирал на Универзитетот Стенфорд, на факултетот за бизнис и е доктор за политички науки на Универзитетот Фудан.

Управител е и претседател на советодавното тело на Кинескиот институт и претседател на Стратешкото советодавно тело на Институтот за меѓународни студии, двете при Универзитетот Фудан. Воедно, членува во одборите на Факултетот за технички науки при Универзитетот за наука и технологија во Кина, Стенфорд Бизнис школата, Азиското друштво Хонг Конг и Меѓународниот институт за стратешки студии (IISS).

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката во областа на инвестициите, иновациите и развојните проекти.

Посебно беше нагласена улогата на Chengwei Capital, една од најстарите независни фирми за претприемнички капитал во Кина, со кумулативна инвестиција која надминува десетина милијарди американски долари, генерирајќи околу 150 милијарди американски долари по скалата на ИПО, како една од најстарите и највлијателни независни фирми со инвестиции во над 100 компании и значајно присуство во технолошки, здравствени, индустриски и дигитални сектори ширум светот.

Средбата претставува продолжение на интензивирањето на дијалогот и соработката по неодамнешната посета на потпретседателот и министер Стоилковиќ на НР Кина, со цел создавање нови можности за економско поврзување, размена на искуства и поттикнување на заеднички развојни иницијативи.

Двете страни изразија подготвеност за понатамошна комуникација и конкретизација на соработката во претстојниот период.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img