4.8 C
Skopje
19 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСредба на Сиљановска-Давкова со Абдула Ерен, претседател на ТИКА

Средба на Сиљановска-Давкова со Абдула Ерен, претседател на ТИКА

- Advertisement -spot_img

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими, Абдула Ерен, претседател на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА и неговите соработници.

Акцентирајќи ја плодната дводецениска соработка, претседателката истакна дека ТИКА ужива заслужена почит не само од државните и јавни институции, туку и од македонските граѓани, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Впрочем, не случајно ТИКА беше одликувана со едно од највисоките државни одликувања, Повелба на Републиката.

Во пресрет на прославата на големиот празник, 21 декември – Ден на наставата на турски јазик, претседателот на ТИКА потсети дека ТИКА во изминатите 20 години реализирала повеќе од 1300 проекти врзани за образованието, здравството, земјоделството, реставрацијата на споменици на културата, изградбата на училишта, реконструкцијата на здравствени установи и донација на болничка опрема.

Обајцата потврдија дека соработката со ТИКА ги зацврстува партнерството, пријателството и довербата меѓу двете држави.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) е формирана во 1992 година и е присутна во 61 земја каде што реализирала над 30 илјади проекти.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img