HomeМакедонијаСредба на Беким Ќоку со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер

Средба на Беким Ќоку со францускиот амбасадор Кристоф ле Риголер

- Advertisement -spot_img

Денеска во Собранието координаторот на пратеничката група на „Влен“, Беким Ќоку, оствари средба со амбасадорот на Француската Република, Кристоф ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.

Амбасадорот Ле Риголер и советникот Маршето со координаторот Ќоку разговараа за приоритетите и перспективите на Движењето „Влен“.

Координаторот Ќоку ги истакна приоритетите на „Влен“ во Собранието, како дел од владејачкото мнозинство, како и добрите односи во коалицијата.

Реафирмирана беше заложбата на патот кон Европската Унија, при што координаторот изрази благодарност за поддршката што Франција ѝ ја дава на нашата земја кон оваа цел. Воедно, тој побара дополнителна поддршка во однос на спроведувањето на Францускиот предлог.

Соговорниците разменија мислења и за употребата на албанскиот јазик, новиот предлог-закон за правична застапеност, како и за барањето на студентите за полагање на правосудниот испит на албански јазик.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img