Министерот за култура и туризам Зоран Љутков најави дека ќе седне на маса со синдикатите, во обид да се намалат тензиите околу Колективниот договор за култура и платите во овој сектор.
Средбата е планирана за денеска, откако Уставниот суд започна постапка за преиспитување на договорот.
Во меѓувреме, Синдикат на културата на Македонија за утре најави протест пред Министерството за култура, обвинувајќи за непочитување на договорите и влошување на состојбата во секторот.
Од Министерството тврдат дека платите се зголемени и дека е потребен нов договор, додека синдикатите предупредуваат на намалување на реалните примања и продлабочување на проблемите.








