домаРегионСрбија од март 2027 ќе го врати задолжителниот воен рок од 75...

Србија од март 2027 ќе го врати задолжителниот воен рок од 75 дена

- Advertisement -spot_img

Србија планира од март 2027 година повторно да воведе задолжително служење воен рок, кој ќе трае 75 дена, најави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Тој изјави дека пред почетокот на регрутацијата треба да бидат завршени административните, законските и логистичките процедури. Според досегашните најави, задолжителната воена служба ќе ги опфаќа мажите помлади од 30 години.

„Во март одиме на отслужување многу краток воен рок. Тоа дополнително ќе ги зајакне нашите одбранбени капацитети“, изјави Вучиќ во неделата, при посетата на воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“ во Батајница.

Предлогот предвидува 60 дена обука во касарна и дополнителни 15 дена теренска обука. Сепак, враќањето на задолжителниот воен рок мора да биде формализирано со закон и изгласано во српското Собрание.

Србија ја прекина задолжителната воена служба на почетокот на 2011 година, кога премина на професионален армиски состав. Генералштабот на Војската на Србија во јануари 2024 година ја покрена иницијативата за враќање на регрутацијата, а Вучиќ во септември истата година даде согласност за нејзино повторно воведување.

Најавата беше соопштена за време на презентација на нова и модернизирана воена опрема во Батајница, на која беа прикажани авиони, хеликоптери, ракетни системи и друго вооружување со кое располага српската армија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img