домаМакедонијаСостојбата со Гостивар се следи - намален е вкупниот број прегледи

Состојбата со Гостивар се следи – намален е вкупниот број прегледи

- Advertisement -spot_img

Водата во Гостивар се уште е небезбедна за пиење. Може да се користи само за техничка употреба односно одржување на лична хигиена и хигиена во домовите.

За да се тргне забраната за пиење и подготовка на храна потребни се три последователни исправни анализи. Министерот з внатрешни работи Панче Тошковски по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб рече декаво наредниов период ќе се зголемат мерењата за квалитетот на водата со цел да се има појасна слика кога гостиварци ќе добијат питка вода.

Апелираше до граѓаните што е можно повеќе да пуштаат да истекува водата низ чешмите бидејќи, освен преку хиперхлоризацијата, само така дополнително ќе се олесни процесот на прочистување.

Раководителката на лабораторијата на скопски водовод Емилија Аневска за бактеријата Псевдомонас аеругиноса која беше пронајдена во неколку примероци земени од водоводот во Гостивар рече дека не е неочекувана. Објасни дека се појавувала од стоена и неистечена вода во чешмите.

Од министерството за здравство информираа дека во изминатите 24 часа бројот на луѓе кои кои биле на преглед поради симптоми од загадената вода во болницата Гостивар е 78.

Водата во Гостивар е забранета за пиење од 17 јули, откако надлежните утврдија дека пумпи 22 дена внесувале вода со фекалии во градскиот водовод. Од 19 јули е прогласена епидемија, а на 21 јули Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во градот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img