HomeМакедонијаСопругата на Андреј од ДНК објави емотивно видео од него и ќеркичката...

Сопругата на Андреј од ДНК објави емотивно видео од него и ќеркичката и повика на протест на „Марш на ангелите“

- Advertisement -spot_img

Наталија Ѓорѓиеска сопругата на прерано починатиот Андреј од ДНК сподели видео од кобната ноќ од дискотеката „Пулс“. На снимките се гледа како публиката се забавува со популарниот бенд, а по избувнувањето на пожарот, присутните се обидуваат да избегаат од огнените јазици.

На краткото видео Андреј е на жичара со ќеркичката Јана. Тој ѝ вели „Мавни ѝ на мама“, слаткото девојче плашливо коментира „Многу е страшно“, а тој низ насмевка ја теши „Не е страшно“.

Првата снимка оригинално е објавена од Здружението на граѓани „16ти Март 2025 Кочани“, кое апелира сите да им се придружат на родителите на жртвите на мирниот собир за правично судење.

„Да чекориме со љубов, со болка и со достоинство во име на оние што повеќе не можат да чекорат“ – се вели во нивниот повик.

30-тиот „Марш на ангелите“ ќе се одржи на 15 ноември (сабота) од 12:05 часот на плоштад Македонија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img