7.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСообраќајот се одвива во зимски услови, намалена видливост на Плетвар и Стража

Сообраќајот се одвива во зимски услови, намалена видливост на Плетвар и Стража

- Advertisement -spot_img

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла има на два планински превои – до 50 метри на Плетвар и до 80 метри на Стража, информираат од диспечерскиот-информативен центар на ЈП „Македонија пат“.

Од претпријатието посочуваат дека сите патни правци низ државата се проодни, но предупредуваат дека на делници кои минуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината кон условите на патот.

Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img