домаМакедонијаСончево и топло утро, попладен дожд и ветер

Сончево и топло утро, попладен дожд и ветер

- Advertisement -spot_img

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Утре претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img