Собранието донесе одлука за продолжување на кризната состојба поврзана со можноста за нарушување на снабдувањето со нафта и нафтени деривати.
Мерката ќе остане во сила до 20 април 2027 година, односно уште шест месеци.
Одлуката беше усвоена на денешната 126. седница, на која пратениците разгледуваа и други законски и безбедносни прашања.






