домаМакедонијаСобранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска во рамки на продолжението на 94. седница не гласаше за нов член на Судскиот совет. Претседателот на Собранието Африм Гаши информираше дека материјалот е повлечен од седницата.

Изборот на член на Судски совет требаше да се изврши меѓу двајца кандидати, кои ги исполнуваа условите и кои го минаа филтерот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Постапката за избор на член на Судскиот совет се очекува наскоро да биде повторена.

Собранието денеска одржува продолженија на неколку седници. Во рамки на 122. пленарна седница изгласа повеќе закони, главно усогласувања со Законот за високи раководители. Од дневниот ред беше повлечен предлогот за претседател и членови на наградата „Мајка Тереза“.

Пратениците ги изгласаа законите за изменување на Законот за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, на Законот за комуналните дејности, на Законот за градење, измени и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, измени на Законот за санитарната и здравствената инспекција и измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, сите по скратена постапка.

Претседателот на Собранието Африма Гаши ги информираше пратениците дека предлагачот ги повлекол Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2026 година и Предлог на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2026 година, што беа на дневен ред на 73. седница.

Работата на Парламентот продолжи со 100. пленарна седница и дебата за Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2025. На дневен ред на оваа седница се и посебните извештаи на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за избор на градоначалници и советници во општините во Република Северна Македонија и на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените состојби во финансирањето на изборната кампања за повторни избори за градоначалник на Општина Гостивар, градоначалник на општина Врапчиште, градоначалник на општина Маврово и Ростуше и за градоначалник на Центар Жупа – 2026 година.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img