3.8 C
Skopje
29 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСо сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“

- Advertisement -spot_img

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законски застапници на оштетените во случајот.

На изминатото рочиште на предлог на обвинителството сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар.

Претходно, одбраната на обвинетиот Александар Нацев, во воведен збор посчи дкеа дека во текот на постапката ќе докажат дека „обвинетиот Александар Нацев не бил ниту одговорно лице, ниту реален сопственик на правното лице „Рубикон“, како и дека припадниците на обезбедување ноќта на трагичниот настан не биле задолжени или ангажирани да вршат контрола на бројот на присутни гости во кабарето, да вршат проверка на безбедносна опрема, на сигурносни услови на објектот, ниту обвинетото правно лице имало обрвска да достави план за обезбедување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img