0.8 C
Skopje
15 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаСо остранувањето на билбордите, почна најавената реконструкција и модернизација на застарената Железничка...

Со остранувањето на билбордите, почна најавената реконструкција и модернизација на застарената Железничка станица во Скопје

- Advertisement -spot_img

Со остранувањето на билбордите, почна најавената реконструкција и модернизација на застарената Железничка станица во Скопје, која на прес конференција ја највија директорот на „Железници на РСМ“ Синиша Ивановски, деканот на Градежниот факултет, Јосиф Јосифовски и деканката на Архитектонски факултет, Анета Христова Поповска.

Според првичните информации, проектот треба целосно да завршен за пет-шест години, истовремено со пуштањето на брзата пруга на Коридорот 10 и железничкиот крак до Меѓународниот аеродром Скопје.

„Ако завршиме со проектот за една година потоа финансирањето ќе биде или со државниот Буџет, или со заем од класичните заемодаватели, како ЕБРД, ЕИБ, комерцијалните банки, но не е исклучена можноста да влезе во стратешката партнерство со Велика Британија со кои ќе правиме многу капитални инфраструктурни проекти. Ќе се менуваат инсталациите, греењето, ладењето. Станицата сега изгледа како питстоп на Формула и веќе нема да биде така, ќе има забрана за рекламирање. Ќе има промена на содржини, ќе има аптеки и други комерцијални содржини, но доградби како ќебапчилница и други работи нема да бидат дозволени“, рече директорот Ивановски при презентацијата на проектот.

Договорот за проектирање кој Железници го потпиша со Градежниот факултет чини над 455 илјади евра или нешто над 28 милиони денари.

Во него, освен проект за модернизацијата на Железничката станица во Скопје, се проектираат и санациите меѓу станицата во Зелениково и станицата во Велес, како и меѓу станиците Зелениково и Кадина Река.

Тендерот вклучува и проект за санација на свлечиште на делницата Велес – Гостиражни, како и проект за изградба на мост на Црна Река, на делницата помеѓу станиците во Градско и Кукуричани.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img