HomeМакедонијаСо намалено ДДВ од 18 на 10% Владата ќе се бори против...

Со намалено ДДВ од 18 на 10% Владата ќе се бори против високите цени на горивата

- Advertisement -spot_img

Владата на вчерашната вонредна седница донесе одлука да го намали ДДВ-то на горивата од 18 на 10 проценти поради високите цени. Со намаленото ДДВ и попустот кој го добиваат најголемиот дел од бензинските станици, премиерот Христијан Мицкоски очекува од вторник да возиме по истите цени.

Владините мерки ќе почнат да се применуваат од денеска на полноќ и ќе важат две недели.

Направените пресметки покажуваат дека со намалениот данок Владата се откажува од околу 7 денари од секој литар гориво кој би го добила како ДДВ. Ако се има предвид дека дневно се трошат по околу 1,6 милиони литри, за две недели Владата ќе се откаже од нешто помалку од 3 милиони евра.

Премиерот вели дека на располагање се уште неколку мерки, како намалување на акцизите но и на дел од маржите на компаниите кои би се носеле доколку кризата се продлабочува.

Во делот на цените на основните прехранбени производи премиерот вели дека состојбата се следни на дневна основа и доколку се јави потреба ќе се интервенира со мерки.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img