домаМакедонијаСо европски пари ќе се рекултивира старото хидројаловиште во Пробиштип

Со европски пари ќе се рекултивира старото хидројаловиште во Пробиштип

- Advertisement -spot_img

Старото хидројаловиште во Општина Пробиштип, кое се наоѓа во непосредна близина на градот Пробиштип, ќе се рекултивира со средствата од Европската Унија, најави градоначалникот, Тони Тоневски. Тој посочи дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, при последната посета на Македонија најавила оти се обезбедени средства од фондовите на ЕУ за реализација на овој проект.

​– Пред неколку дена, кога беше во посета на Македонија, еврокомесарката Фон дер Лајен има разговарано на таа тема и старата јаловишна депонија е влезена во топ-ап проектите од реформската агенда, значи се обезбедени средства од страна на Европската Унија и очекувам многу брзо да почне со физичка активност на оваа депонија – вели Тоневски.

Тој очекува дека рекултивирањето на старото хидројаловиште, односно рударска брана, ќе почне наредната година, а самиот процес ќе опфати одводнување на просторот, поставување на геомембрана и последната фаза е просторот да се покрие со хумус, односно земја.

Тоневски додава дека по рекултивирањето на старото хидројаловиште, во кое со години е складиран отпад по преработката на олово-цинковата руда, просторот ќе биде искористен за парк и изградба на нови спортски игралишта. Станува збор за површина од 55 хектари.

https://www.vecer.press/so-evropski-pari-ke-se-rekultivira-staroto-hidrojalovishte-vo-probishtip/

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img