1.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаСо 4,67 милиони евра ќе се реконструира студентскиот дом „Орде Чопела“ во...

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Со инвестиција од 4.672.878 евра ќе се изврши целосна реконструкција на Училишниот, односно студентски дом „Орде Чопела“ во Прилеп, како дел од владиниот проект за реконструкција и енергетска ефикасност на државните студентски домови.


Проектот предвидува комплетна обнова на инфраструктурата во објектот – замена на водоводната, електричната и топлотната мрежа, поставување на фотоволтаична централа и воведување енергетски ефикасен систем за греење. Старите котли на нафта ќе бидат заменети и ќе служат само како резервна варијанта, а ќе се имплементира и нов систем за санитарна топла вода. Реконструкцијата опфаќа и целосна термичка изолација на објектот и кровната конструкција, како и целосно внатрешно уредување.


Во рамки на зафатот ќе бидат поставени нови санитарни јазли, нов мебел и современи содржини за одмор, забава и рекреација, со што домот ќе ги исполнува европските стандарди за енергетска ефикасност и квалитет на сместување.


Реализацијата на проектот е планирана да започне во средината на јули, а градежните активности ќе се одвиваат етапно.
Училишниот дом „Орде Чопела“ има капацитет за 333 ученици и студенти. Во моментов таму се сместени 166 средношколци од петте средни училишта во Прилеп и 20 студенти од Економскиот факултет. Со реконструкцијата ќе се овозможат значително подобри и поефикасни услови за живеење и учење.


Проектот е дел од поширока иницијатива за енергетска ефикасна рехабилитација на девет студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид, која се реализира со финансиска поддршка од 20 милиони евра од Германската развојна банка и грант од 4,8 милиони евра од Европската Унија преку Регионалната програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img