домаХроникаСо 2,62 промили зад волан 62-годишен беровчанец се забил во автомобил, па...

Со 2,62 промили зад волан 62-годишен беровчанец се забил во автомобил, па во ограда

- Advertisement -spot_img

Полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода 62-годишниот Љ.М. од село Русиново, откако со патничко возило „форд“ удрил во паркирано возило, а потоа и во ограда од двор на куќа.

Инцидентот се случил вчера околу 17:40 часот во Берово. При преземањето на полициските мерки било утврдено дека возачот управувал под дејство на алкохол.

Со алкотест кај Љ.М. биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а за случајот бил известен и јавен обвинител.

По целосното документирање на случајот, против 62-годишниот возач ќе следува соодветна пријава.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img