Царинската управа започнува со реализација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура, вреден два милиони евра, обезбедени како грант од Европската Унија. Целта е воведување паметни системи за автоматизација на царинските терминали, што треба да придонесе за побрз проток на стоки и поефикасни царински постапки.
По спроведената јавна набавка, потпишан е договор со избраниот изведувач за набавка на потребната опрема. Имплементацијата на проектот се очекува да заврши до средината на следната година.
Со новите дигитални рампи, автоматски ваги и напредни видео-камери, процесите на увоз, извоз и транзит ќе се евидентираат автоматски веднаш по влезот на товарното возило на царинскиот терминал. На тој начин значително ќе се намали времето на чекање, а ќе се намалат и оперативните трошоци за компаниите.
Автоматските рампи и ваги ќе бидат поврзани со систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички. Во тек е и постапка за набавка на софтвер кој ќе ги интегрира сите системи во единствена платформа.
Од Царинската управа очекуваат модернизацијата да овозможи поефикасна контрола, побрз проток на легалната трговија и усогласување со европските стандарди. Воедно, автоматизацијата треба да го намали влијанието на човечкиот фактор и да придонесе кон поефикасна борба против криминалот и корупцијата.
За извозно ориентираните компании, проектот треба да значи пократко задржување на граничните премини, побрза обработка на товарот и пониски логистички трошоци, што е особено важно за подобрување на конкурентноста на македонскиот извоз.
Автоматизацијата на терминалите ќе овозможи значително побрз проток на стоки и намалување на времето на чекање и оперативните трошоци за економските оператори. Со замена на постојните рампи и ваги со нови дигитални системи поддржани со напредни аналитички видео камери – увозот, извозот и транзитот ќе се евидентираат автоматски, за само неколку секунди по влезот на товарното моторно возило на царинскиот терминал.
Автоматските ваги и рампи ќе бидат директно поврзани со системот за видео надзор и за препознавање на регистарски таблички, за што во тек е постапка за набавка на софтвер – интегратор, со што ќе се овозможи поефикасна контрола и забрзан проток на легалната трговија во согласност со ЕУ стандардите. Воедно, примената на ваквите системи ќе овозможи и намалување на влијанието на човечкиот фактор, како една од алатките за ефикасна борба против криминал и корупција.






